Утрински Весник
Македонија

Отстранети 143 непрописно паркирани возила во Скопје

Отстранети 143 непрописно паркирани возила во Скопје

Во текот на изминатата недела (25.06 – 01.07.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати вкупно 143 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 33 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 110 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 166 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 33 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Текстот Отстранети 143 непрописно паркирани возила во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“