Утрински Весник
Македонија

Османи на неформален состанок на НАТО министрите во Берлин

Ss2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе учествува на неформалниот состанок на НАТО министрите за надворешните работи, што ќе се одржи од 14-ти до 15-ти мај, во Берлин.

Во фокусот на разговорите ќе биде руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, вклучително и безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите во Мадрид.

300x250 (7)

На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.

На маргините на состанокот, се очекува министерот Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други хомолози.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула

Јакимовски: Власта секогаш ги опијанува ВМРО-ДПМНЕ