Утрински Весник
Култура

Од денеска до 6 декември ќе се одржи 11. Мобил филм фестивал преку Cinesquare.net

Од денеска до 6 декември ќе се одржи 11. Мобил филм фестивал преку Cinesquare.net

Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе бидат дел од програмата на Мобил филм фестивал, што ќе се реализира по 11.пат. Филмовите се поделени во три програми и ќе бидат бесплатно достапни на VoD платформата Cinesquare.net. Поради ковид-ситуацијата, годинава фестивалот ќе се реализира исклучиво со онлајн-програма. Мотото на фестивалот е „Размислувај поразлично“. Сите филмови на фестивалот, благодарение на платформата Cinesquare.net се достапни во 13 земји во регионот. Со тоа, Мобил филм фестивал од годинава прераснува во регионален филмски фестивал.

Интерес за учество на фестивалот покажале филмаџии од цел свет, при што селектирани се: 22 филма во официјалната конкуренција, 36 од ковид-програма, 31 од анимирана програма.

Традиционално, ќе бидат доделени награди за најдобрите филмови. Најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“, за најоригинална приказна и најинвентивен филм. За наградите ќе одлучи тричлено жири во состав: Горан Наумовски, кинематографер и професор на универзитетот „Еуропа Прима“, Карл Бардош, филмски режисер и продуцент со богата професорска кариера на многу американски универзитети, а е посебно фокусиран на филмовите снимени со мобилен телефон. Неговиот курс Cell Phone Cinema се смета за најиновативен курс во академската 2019/2020 година во САД. Третиот член на жирито е филмскиот критичар Златко Ѓелевски.

Мобил филм фестивал, што го организира продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“ е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“