Утрински Весник
Македонија

Ново зеленило на платоата кај „Педагошка“ и „Млечен“

Ново зеленило на платоата кај „Педагошка“ и „Млечен“

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Почна раззеленувањето на платото кај „Педагошка“ во урбаната заедница „Владо Тасевски“ во Општина Карпош. Овој јавен простор се уредува хортикултурно со 440 нови украсни растенија.

Од Општина Карпош информираат дека дел од зеленилото ќе биде засадено и на платото на „Млечен“, а во оваа редовна акција на локалната самоуправа, се зголемува зелениот фонд во цел Карпош.

– Ова е начин со кој се менува сликата за платоата, плоштадите, кои сега се оживуаат,раззеленуваат и стануваат најпосетувани места за рекреација на граѓаните. Исто така, најголемиот дел од растенијата се со апсорбирачко дејство на штетни честички и прашина, со што директно се влијае врз заштитата на животната средина, информираат од општинската прес-службата.

Од локалната самоуправа посочуваат дека  во последната акција беа засадени повеќе од 55 висококвалитетни дрвја и се подигнале тревни површини на 1.560 квадратни метри. фф/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните