Утрински Весник
Спорт

„Новиот“ Вардар со победа во првиот официјален меч од новата сезона

„Новиот“ Вардар со победа во првиот официјален меч од новата сезона

Вардар со 27:22 (13:12) го совлада Охрид во последниот меч од вториот натпреварувачки ден на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Охрид успеа да биде рамноправен противник само во првото полувреме, пред „црвено-црните“ да го направат потребното на почетокот на второто полувреме, кога направија предност од 17:12, која подоцна ја оддржуваа до крајот на мечот.

Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасен на мечот, додека Гоце Георгиевски и Филип Талевски постигнаа по три гола. Своите први голови за „црвено-црните“ ги постигнаа и новите засилувања Анте Гаџа, Јосип Векиќ и Патрик Валчак.

Претходно Металург лесно со 33:24 (13:11) беше подобар од Прилеп, додека Бутел со 21:17 го совлада вториот тим на Еурофарм Пелистер.

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР – СТРУГА, 2.ДЕН

Бутел – Еурофарм Пелистер 2 21:17 (11:6)

Металург – Прилеп 33:24 (13:11)

Вардар 1961 – Охрид 27:22 (13:12)

Фото: РК Вардар 1961

> „Новиот“ Вардар со победа во првиот официјален меч од новата сезона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Пораз на Денвер во Феникс – Дурент го запре Јокиќ