Утрински Весник
Спорт

Напорното темпо го зема данокот, Аталанта поразена од Самп во Бергамо

Напорното темпо го зема данокот, Аталанта поразена од Самп во Бергамо

Пред неколку дена Аталанта со 4-0 славеше сред Данска, над Митјиланд, а попладнево доживеа пораз со 3-1 на својот терен од просечниот тим на Сампдорија во Серија А. Напорното темпо се чини го зема данокот, па пулените на Гасперини потклекнаа.

Најдобриот играч на гостите, Фабио Кваљарела уште во 13 минута го најде патот до противничката мрежа за 0-1. Истиот играч во 45 минута промаши пенал, но тоа не се одрази на конечниот резултат.

Во вториот дел Торсби во 59 минута зголеми на 2-0 за гостите.

Запата од белата точка во 80 минута погоди за 1-2 и ги врати надежите на Аталанта за поволен резултат.

Сепак во 92 минута Јанкто стави точка на мечот за голема победа на тимот од Џенова.

Сампдорија изненадувачки добро игра на стартот на сезоната во Серија А и се наоѓа на 4 позиција со ист број бодови како и Аталанта на третата, по 9 од 5 кола.

> Напорното темпо го зема данокот, Аталанта поразена од Самп во Бергамо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки