Утрински Весник
Политички Партии

МВР: Службите на Арсовска го создадоа метежот во Скопје, ние го расчистивме

МВР: Службите на Арсовска го создадоа метежот во Скопје, ние го расчистивме

Зачудува несериозноста на скопската градоначалничка, која со невидена леснотија за проблеми кои се во нејзина надлежност се обидува вината да ја насочи кон МВР, реагираат од ресорното министерство, откако попладнево преку статус на „Фејсбук“, Данела Арсовска ги обвини за метежот кој денеска настана во главниот град.

„Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно… Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос“, напиша градоначалничката во својата објава.

Меѓутоа од МВР велат дека Арсовска ги дезинформира граѓаните преку социјалните мрежи и ја повикуваат, како што се вели во реакцијата, да научи кои се нејзините надлежности и надлежностите на службите на градот кој таа го управува.

„Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) надлежен орган за управување и контрола на сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“, посочуваат од Министерството.

Од таму додаваат дека денешниот сообраќаен метеж во Скопје се должи на тоа што службите на градот не си ја завршиле работата, односно, како што велат, не можеле да се справат со ситуацијата.

„Објективно влијаеја и сообраќајната незгода кај ТЦ Мавровка и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови, а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот, што и беше направено, односно метежот беше расчистен“, се наведува во реакцијата на МВР.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт