Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Во сообраќајка тешко повредена старица од Пехчево
Ss2

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА)СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Х.(61) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, марихуана, мешавина од кофеин и парацетамол, како и други предмети со остатоци од хероин.

Регионалниот центар за гранични работи Запад – Одделение за прекуграничен криминал Струга, во соработка со Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Л.(21) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот го сторил делото во викенд куќа во с.Горна Белица, струшко, каде одзел повеќе предмети, кои биле пронајдени и одземени од него.

300x250 (7)

Одделението за внатрешни работи Кичево, на 13.02.2020 презеде мерки, од слобода лиши и приведе девет лица од Кичево, одзеде две товарни моторни возила и шест коњи натоварени со нежигосано огревно дабово дрво, две моторни пили и друг алат и прибор. Мерките се преземени на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, како и во шумскиот појас кај кичевското село Челопетци. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

На 13.02.2020 во 05.00 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, А.Д.(50) од Прилеп пријавила дека околу 02.30 часот на Железничка станица – Прилеп едно лице со употреба на сила ѝ одзело пари и златно ланче, по што побегнало. Се работи на расчистување на случајот.

На 13.02.2020 Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведе интензивни мерки и активности за поголем ред со паркирањето, посебно во централното тетовско подрачје. Притоа, откриени и законски санкционирани, а потоа и подигнати од „пајак-службата“ биле 16 погрешно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот. Во овие активности, исто така, откриени се и шест возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола, четири возачи кои не се придржувале на законските ограничувања и околу 30 други видови прекршоци.

На 13.02.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, Б.М.(68) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице. Според пријавеното, околу 10.55 часот на телефон му се јавило лицето и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот. Исто така, според пријавеното, тој се согласил на тоа и во 12.44 часот пред неговата куќа му предал пари на лицето. Во 15.50 часот Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.02.2020 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница во Скопје со тешки телесни повреди бил донесен С.Р.(45) од с.Идризово, скопско. Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи за поставување цевковод за с.Булачани. Увид бил извршен, а за настанот бил запознаен Трудов инспектор.

На 14.02.2020 во 01.30 часот во СВР Скопје, Х.Џ.(34) од Скопје пријавил дека во 01.10 часот на ул.„Максут Садик“, кај местото викано „Две чешми“, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од М.С.(23) од Скопје. Потоа, околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Максут Садик“, поради настанот што претходел, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.И.(32), Х.Џ., М.С. и И.Ј.(45), сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.02.2020 околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, по претходно случена сообраќајна незгода, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(27) и М.М.(22), двајцата од Скопје, по што од страна на полициски службеници лицата биле лишени од слобода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.02.2020 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 21.35 часот на ул.„Фуштанска“, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.К.(49) и А.Ф.(20), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.02.2020 во 13.35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, Ф.П.(45) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и навредување на полициска службеничка која вршела службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 4 и член 13 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 13.02.2020 околу 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во две монтажни бараки на ул.„Нов живот“ во нас.Шуто Оризари, сопственост на С.М.(41) и З.И.(44), двајцата од Скопје. Во пожарот била зафатена кровната конструкција на бараките и дел од покуќнината, како и кровна конструкција од барака во сопственост на Т.Љ.(48) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денот.

На 13.02.2020 во 12.08 часот во СВР Скопје, И.Д.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Никола Тесла“ настанал пожар во контејнер. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 13.02.2020 во 15.45 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „пежо“, со непознати регистарски ознаки, удрило во петгодишно девојче од Пробиштип, по што го напуштило местото. Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип.

На 13.02.2020 околу 13.00 часот во Полициската станица Карпош, П.Р.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Л.(36) од с.Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.02.2019 пријавениот упатувал закани по животот на Ѓ.М.(50) од Струга, додека бил на своето работно место во Шумска полициска станица – Струга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Г.Л.(63) од с.Дабниште, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.09.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле два револвера, еден пиштол „RHOM“, две воздушни пушки, поголема количина на разновидна муниција и делови за оружје.

На 13.02.2020 во 14.00 часот во СВР Тетово, М.К. од село Жировница, општина Маврово-Ростуше, пријавил дека во близина на селската џамија неговата 19 – годишна ќерка била касната од куче скитник на левата рака.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.С.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 11.10.2019 полициски службеници извршиле контрола врз патничко возило што го управувала пријавената, при што било констатирано дека бројот за идентификација во сообраќајната дозвола не се совпаѓал со бројот на шасијата.

На 13.02.2020 во 12.15 часот во Полициската станица Карпош, С.Ѓ.(80) од Скопје пријавил дека на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Б.(22) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.02.2020 полициски службениции извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. вг/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете