Утрински Весник
Магазин

Луси Хејл отстранила седум тетоважи

Луси Хејл отстранила седум тетоважи

Актерката од попуарната тинејџерска серија „Убави мали лажливки“ (Pretty Little Liars), Луси Хејл, минатото лето навести дека планира да се ослободи од тетоважата сонце што ја има заедно со својата сестра Меги, а сега откри дека таа не е единствeната од која решила да се ослободи.

Во разговор со списанието „Ју-ес викли“ за колумната „25 работи што не сте ги знаеле за мене“, Луси рече: „Во моментов имам 10 тетоважи. Порано имав 17, но ми беа отстранети седум“.

Покрај уметноста на телото, 32-годишната ѕвезда се отвори и за своите навики за исхрана, истакнувајќи дека повеќе сака да нарача нешто наместо сама да готви.

„Мојата кујна сум ја користела само неколку пати. Виновна сум за нарачки на храна цело време,“ се пошегува таа.

Луси призна дека сака нездрава храна и е голем обожавател на помфрит со прелив од мајонез. „Моите пријатели ме критикуваат дека секој ден имам некоја верзија на истата закуска.“

„Секој ден јадам путер од бадем со банана. Тоа е една од моите омилени закуски“.

Можете да прочитате

Зголемувањето на бројот на хибридни волци може да доведе до исчезнување на европскиот волк

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Пирамидите во Мексико откриваат тајни од древната историја