Утрински Весник
Спорт

Ленард: Сакам да му се заблагодарам на Коби за сè што направи за мене

Ленард: Сакам да му се заблагодарам на Коби за сè што направи за мене
Ss2

Чикаго, 17 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарот на ЛА клиперс, Каваи Леонард по Ол-стар натпреварот во НБА, изјави дека е благодарен на Коби Брајант. Каваи е прогласен за најкорисен играч и е првиот што ја доби наградата МВП именувана по Коби.

  • Едноставно немам зборови. Сакам да му се заблагодарам на Коби за сè што направи за мене. За сите долги разговори и обука. Ти благодарам. Ова е за него.

Екипата на Леброн Џејмс ја совлада екипата на Јанис Адетокунбо со 157:155. Ленард беше најефикасниот со 30 поени.

300x250 (7)

Коби Брајант го загуби животот на 41 година во хеликоптерска несреќа. Заедно со него, почина неговата ќерка Џиана и уште седум лица. Брајант беше петкратен НБА шампион со Лејкерс и еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал