Утрински Весник
Спорт

Кризата на Реал ќе заврши со смена на Зидан

Кризата на Реал ќе заврши со смена на Зидан

Реал Мадрид синоќа го доживеа петтиот пораз во 16 натпревар од почетокот на сезоната. Поразот од Шахтјор (2:0), во Лигата на шампионите, сериозно ја доведува во прашање иднината на Зинедин Зидан на клупата на Реал.

Реал и во октомври имаше два порази по ред, од Кадиз и Шахтјор, но тогаш Зидан успеа да го згасне „пожарот“ со триумфот над Барселона на „Ноу Камп“.

Прашање е дали сега ќе успее да се извади, бидејќи за поразите од Алавес и Шахтјор, ќе треба да се вади против Севилја, Борусија Менхенгладбах и Атлетико Мадрид.

ЗЗодан по мечот во Киев, одговорајќи на новинарско прашање, рекол дека нема да поднесе оставка и дека ќе најде сили заедно со играчите да го надминат тешкиот период.

Од друга, шпанските медиуми, тврдат дека претседателот Флорентино Перез веќе тргнал во потрага по неговиот наследник. Тие шпекулираат со две имиња, Маурисио Покетино и Раул Гонзалес.

Покетино е без работа од 19.декември минатата година, кога доби отказ во Тотенхем. Речиси цела година тој се поврзува со Манчестер јунајтед, но според „Мундо Депортиво“ нема да биде изненадување доколку тој пристигне во Мадрид.

Покетино се поврзуваше со Реал и кон крајот на 2016 година, кога отказ доби рафа Бенитез, но тогаш Перез не сакаше да го плати неговото обесштетување.

Раул е легенда на Реал, а во моментов е тренер на вториот тим. За многумина тој е проектиран за во иднина да го преземе најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.

> Кризата на Реал ќе заврши со смена на Зидан <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали