Утрински Весник
Спорт

Крај на олимписките сништа – Четворица спортисти позитивни на ковид-19

Крај на олимписките сништа – Четворица спортисти позитивни на ковид-19
300x250 (7)

Уште не почнати Олимписките игри во Токио завршија за репрезентативка на Чиле, во таеквондо, Холанѓанка која се натпреварува во скејтборд, Британка, која беше фаворит џа злато во стрелаштво, во дисциплината скут и американски репрезентативец во одбојка на песок.

Британката, Амбер Хил (23), мораше да се повлече од ОИ, пред заминувањето за Токио добила позитивен тест. Во дисциплината скут, таа пред пет години во Рио де Жанеиро таа заврши на шестото место, а во Токио важеше за фаворит за златниот медал.

Ss1

„Не постојат зборови со кои можам да опишам како се чувствувам. Пет години се подготвував и тренирав. Добив позитивен тест, а немам никакви симптоми. Одам во изолација, според упатствата на Владата“, напишала Хил на Твитер.

Чилеанката Фернанда Агире, добила позитивен тест по доаѓањето во Токио. Таа за настап на теакводно турнирот се подготвувала во Узбекистан.

„Скршена сум, лута, фрустрирана. Мојот сон е уништен по толку години тренирање“, напишала Агире.

Холанѓанката, Кенди Џејкобс, изјавила дека „срцето и е скршено“ што нема да настапи во скејтборд на ОИ во Токио.

Во Токио позитивен тест добил и Американецот Тејлор Краб. Неговото место во тимот, во кој е Џејк Гибс, ќе го заземе Трај Брон.

Тројцата кои добија позитивни тестови во Токио, немаат никакви симптоми. Тие наредните 10 дена ќе бидат во изолација.

> Крај на олимписките сништа – Четворица спортисти позитивни на ковид-19 <

Ss1

Можете да прочитате

Интер слави скудето на „Сан Сиро“

Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист во светот

Ѓоковиќ ја започна 422-та недела на првото место на АТП листата