Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс открива „Матрикс 4“ е љубовна приказна

Кијану Ривс открива „Матрикс 4“ е љубовна приказна

Ѕвездата на култната научно-фанстастична трилогија „Матрикс“, Кијану Ривс изјави дека четвртото продолжение на серијалот ќе биде инспиративна „љубовна приказна“.

Ривс треба да ја повтори улогата на Нео, заедно со Кери-Ен Мос која се враќа како Тринити, за прв пат по „Матрикс револуции“ од 2003 година.

Во разговор со Ронан Китинг во емисијата The One Show, Ривс, кој моментално снима во Берлин, потврди дека Нео ќе се појави во новиот филм, и покрај стравувањата дека неговиот лик исчезнал засекогаш.

„Тоа на Нео му изгледаше малку страшно,“ рече тој.

Зборувајќи за сценариото Ривс додаде: „Имаме прекрасна режисерка, Лана Вачовски, и таа напиша прекрасно сценарио, инспиративна љубовна приказна.

„Ова е друга верзија, повик за будење, и има добра акција.“

Ривс, кој моментално може да се види во Bill & Ted Face the Music, исто така потврди дека четвртиот „Матрикс“ нема да има го предзнакот на трилогијата. “Не, нема враќање во минатото,“ рече тој.

Лана Вашовски, една од креаторите на големиот светски хит, е сценарист, режисер и продуцент. Продукцијата започна во Берлин на почетокот на оваа година, но прекина кога коронавирусот почна да се шири низ цела Европа

„Матрикс“ предизвика револуција во жанрот кога излезе во 1999 година. Првиот филм освои четири „Оскари“, а во 2003 година следеа две продолженија.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд

„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување