Утрински Весник
Македонија

Казни за непочитување на полицискиот час во Берово и Македонска Каменица

Казни за непочитување на полицискиот час во Берово и Македонска Каменица

Берово, 25 март 2020 (МИА) – Парична казна од 500 евра побара Основното јавно обвинителство од Берово за едно лице кое не ја почитувало забраната за движење од 21 до 5 часот. Како што соопштија од Обвинителството, лицето во раните утрински часови со автомобил го напуштил својот дом во Берово.

-Притоа се упатил по регионалниот пат Берово-Клепало во насока кон Беровско Езеро, по што враќајќи се назад во насока кон градот Берово кај местото Епрев Дол, било запрено од полициска патрола, се вели во соппштението.

Освен во Берово кривична пријава за непочитување на полицискиот час им е поднесена и на две лица од Македонска Каменица.

-Овие лица ќе бидат обвинети за прекршување на забраната за движење во периодот од 21:00 до 5:00, согласно член 206 од кривичниот законик, велат од делчевската полиција.

Во моментот во четирите најисточни општини Делчево, Берово, Македонска Каменица и Пехчево во самоизолација се наоѓаат 132 лица од кои најмногу, 77 во општина Берово. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари