Утрински Весник
Спорт

Интервју на Роналдо од 2019 година: Заслужувам да имам најмногу Златни топки

Интервју на Роналдо од 2019 година: Заслужувам да имам најмногу Златни топки

Кристијано Роналдо прв пат од 2010 година, не заврши меѓу првите тројца во изборот за Златната топка на „Франс фудбал“. Наградата, седми пат во кариерата, ја освои Лионел Меси, а Роналдо во изборот заврши на шестото место.

Ден пред доделувањето на наградите Роналдо се огласи да го демантира уредникот на „Франс фудбал“, Паскал Фере, кој откри дека најголемата амбиција на Португалецот е да има повеќе Златни топки од Меси.

Денес некој ја „ископа“ изјавата на Роналдо од 2019 година, во која тој открива дека мора да има повеќе Златни топки од Аргентинецот. Роналдо ова го изјавил во интервју кој го направи новинарот Пирс Морган.

„Кој рекорд најмногу би сакал да го имам? Би сакал да имам најмногу Златни топки во историјата на фудбалот. Тоа го сакам, мислам дека и го заслужувам тоа. Меси е одличен човек и фудбалер, но мислам дека морам да има шест, седум или осум Златни топки“, изјавил Роналдо и дополнил.

„Ние не сме пријатели, но оваа сцена ја делиме 15 години. Имам добар однос со него, знам дека тој не „турка“ да бидам подобар играч. Тој е најдобриот фубалер против кого сум играл“.

Роналдо: Шефот на „Франс фудбал“ е лажго!

> Интервју на Роналдо од 2019 година: Заслужувам да имам најмногу Златни топки <

Можете да прочитате

Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки