Утрински Весник
Спорт

Интер го доби дербито на Италија, се израмни со Милан!

Интер го доби дербито на Италија, се израмни со Милан!

Интер стигна до 2:0 победа над Јувентус во славното „Дерби Д’Италија“ за да се израмни со Милан на челото на табелата и да ги покаже шампионските амбиции, а со вториот пораз во пет меча, во Торино сигурно ќе се поставуваат многу прашања за тренерот Андреа Пирло.

Првиот гол на мечот го постигна поранешниот фудбалер на Јуве, Артуро Видал во 12-тата минута, откако пред стартот на мечот предизвика мала контроверза со (случајното) бакнување на грбот на противникот при прегратката со Џорџо Кјелини.

Тимот на Антонио Конте во 52. минута стигна до 2:0 водство преку Николо Барела по супер-брзиот контра напад на домаќините, а во подобрувањето на играта на Јуве не помогна ниту тројната замена која ја направи Пирло во 58. минута, внесувајќи ги Кулушевски, Меккени и Бернардески на местото на Рабио, Ремзи и Фработа.

Со големата победа, „нераѕурите“, кои последните денови се мета на интензивни шпекулации околу можната продажба на клубот, се искачија на второто место на табелата со 40 поени, колку што има и градскиот ривал Милан, кој утре гостува кај Каљари. Јуве, пак, со натпревар помалку се само петти со 33 поени.

> Интер го доби дербито на Италија, се израмни со Милан! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами