Утрински Весник
Култура

Изложба на фотографии од македонски џез-музичари Џезтетика во Белград

Изложба на фотографии од македонски џез-музичари Џезтетика во Белград
Ss2

На 24 ноември во главниот хол од Домот на младите во Белград ќе биде отворена изложбата Џезтетика на Татјана Ранташа, а во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Изложбата се состои од 35 црно-бели фотографии од различни генерации македонски музичари, на кои Ранташа работела во изминатите 15 години. Ќе бидат прикажани фотографии од музичари како Влатко Стефановски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Џоле Максимовски, Георги Шаревски, Кирил Кузманов, Тони Китановски, Гордан Спасовски, Мартин Ѓаконовски, Сашо Поповски, Сетстат, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и други. Во рамките на изложбата свој настап ќе има и Гоце Стевковски Квинтет.

„Фотографијата за мене значи живот, радост, целосно исполнување на нештото кое се случило, запис за визуелно паметење којшто останува да живее како слика, дури и ако не ја погледнам никогаш повторно. Всушност, ако не сум го фотографирала нештото, тоа е како да не се случило. За мене помислата да се биде на концерт, претстава, планина или патување без фотоапарат е како да треба левата рака да ја оставам дома. Во фотографиите ја внесувам целата моја емоција, енергија, внатрешен дух, начин на гледање. Мојата надеж е е дека барем мал дел од тоа се пренесува и на публиката за која тие се наменети. Изложбата Џезтетика е целосно посветена на посетителите. Тие ќе ја оценат, ќе ја оживеат и ќе ја понесат со себе. Изложбата опфаќа портрети на дел од современите македонски џез-музичари и навистина сакам тие емоции да се пренесат и кај луѓето кои ќе дојдат да ја видат изложбата во Белград“, вели авторката на изложбата Татјана Ранташа.

Татјана Ранташа е реномиран фотограф со 15-годишно искуство зад себе, најмногу на полето на сценската фотографија. Во 2005 година започнува професионално да се занимава со сценска фотографија, како официјален фотограф на куќите Авалон и Литиум рекордс. По нив следат Универзална сала; Десонанц фестивал, Младинскиот културен центар – концерти, МОТ, Cinedays, Пиволенд, а денеска најчесто фотографира за Password production, Конгресен центар „Aлександар Македонски“, како и за Оффест и Скопје џез-фестивал, чијшто е официјален фотограф. Главен фотограф и одговорен уредник е на независниот интернет-магазин за култура www.plagij.at.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“