Утрински Весник
Македонија

Започнува учебната година во време на пандемија: училиштата никогаш не биле почисти (галерија)

Започнува учебната година во време на пандемија: училиштата никогаш не биле почисти (галерија)
Ss2

 

Дали се чисти подовите, дали има насоки за движење на подот, дали се чисти тоалетите, дали има доволно средства за дезинфекција… ова се само дел од нештата кои на терен деновиве, пред почетокот на новата учебна година, ги проверуваа државните просветни инспектори. Проверките се прават за да се провери дали училиштата кои бараат настава со физичко присуство ги исполнуваат условите за да го овозможат тоа.

Истовремено, деновиве во многу училишта се прави и комплетна дезинфекција, согласно протоколите усвоени од Комисијата за заразни болести.

Ss1

– Записниците од надзорите на терен се во владината комисија која сега треба да пресече на кои училишта ќе им биде дозволено да одржуваат настава во училниците. Училишните раководства можеа сами да побараат дозвола, а тоа го сторија повеќе од 200 училишта. Инспекторите проверуваа дали училиштето има просторија за изолација во случај на вработен или ученик со симптоми, потоа се проверуваше дали и какви се санитарните јазли, дали има средства за дезинфекција – вели Томе Спировски, директор на Државниот просветен инспекторат.

Во меѓувреме општините ги вршат последните подготовки пред стартот на новата учебна година. Во училиштата во општина Карпош деновиве е во тек сеопфатна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во предучилишните и училишните установи. Ова се прави на секои шест месеци во годината, но годинава имаше и вонредна дезинфекција во март поради состојбата со пандемијата. Намерата е сите градинки и училишта да овозможат здрави и хигенски услови за престој и работа.

Во 981 основно и 132 училишта за средно образование, за прв пат учебната година започнува на 1 октомври. Стартот се одложи заради тоа што се чекаше Собранието да ги усвои новите правила и измени кои се дел од новите закони за основно и за средно образование, а без кои не можеше да започне годината.

На училиште ќе одат учениците од прво до трето одделение, иако тоа не е задолжително, односно родителите можеа да бираат дали децата ќе им учат онлајн или во училница. Останатите ученици во повисоките одделенија настава ќе следат онлајн, но сепак има опција, во оние училишта во кои има просторни услови, наставата да започне со физичко присуство.

Градинките започнаа со работа на 9 септември. Оттогаш се појавија неколку случаи на ковид-позитивни деца и вработен кадар.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Северна Македонија