Утрински Весник
Македонија

За една недела санкционирани 153 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За една недела санкционирани 153 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Вкупно 153 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот санкционираше изминатата седмица јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

Во периодот од 22 јуни до 28 јуни, како што соопштува ПОЦ, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 81 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 72 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.фф/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“