Утрински Весник
Свет

Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД

Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД
Ss2

Американскиот Сенат го потврди изборот на Ентони Блинкен за нов државен секретар на САД.

Досега оваа функција ја извршуваше Мајк Помпео.

300x250 (7)

58-годишниот Блинкен веќе работел во Стејт департментот како заменик државен секретар и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и има блиски врски со со Бајден.

Тој исто така служел на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон, пред да стане началник на канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат, кога Бајден бил на чело на истата, а кратко време работел и како советник за безбедност во времето кога Бајден беше потпретседател на САД.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Германија: 430 лица заразени со норовирус на Пролетниот фестивал во Штутгарт

САД и 17 земји го повикаа Хамас: Ослободете ги заложниците, ова може да ја реши кризата во Газа

Хамас предлага едногодишен прекин на огнот во Газа