Утрински Весник
Спорт

„Дресот на Марадона од Мексико не е на продажба“

„Дресот на Марадона од Мексико не е на продажба“

Поранешниот англиски фудбалер, Стив Хоџ, рекол дека дресот на Диего Марадона од четврт-финалето на СП во Мексико, во 1986 година, во кое играа Англија и Аргентина, не е е на продажба.

По завршувањето на тој натпревар, Хоџ го добил дресот на Марадона. Тој дрес е изложен во Националниот фудбалски музеј во Манчестер, но негов сопственик е Хоџ.

„Тој дрес го имам 34 години и никогаш не сум се обидел да го продадам. Има голема сентиментална вредност“, изјавил Хоџ за Би-би-си.

„Луѓето не престанаа да тропаат на мојата врата, телефонот не престанува за ѕвони. Имаше информација дека сакам еден или два милиони долари за тој дрес, дека сакам да заработам…Дресот не е на продажба. Не се обидувам да го продадам“, дополнил Хоџ.

Хоџ е играчот кој ја одби топката кон својот голман, кога Марадона го постигна првиот гол, познат како „Божја рака“, а беше и еден од играчите кои Марадона ги претрча кога го постигна „голот на векот“.

„Тој натпревар никогаш нема да биде заборавен. Никогаш не го обвинував поради тоа што играше со рака. Ниту еднаш…“, истакнал Хоџ.

Диего Марадона, почина на 25.ноември.

> „Дресот на Марадона од Мексико не е на продажба“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами