Утрински Весник
Спорт

Доминација на Јокиќ во Бруклин, трипл-дабл на Дончиќ, 10 тројки на Убре, Букер броеше до 43

Доминација на Јокиќ во Бруклин, трипл-дабл на Дончиќ, 10 тројки на Убре, Букер броеше до 43
300x250 (7)

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ уште еднаш ја обележаа ноќта во НБА лигата. Србинот доминираше во Бруклин, а Словенецот со трипл-дабл го предводеше Далас до победата над Портланд. Успешно враќање по повредата имаше Богдан Богдановиќ. Најефикасен измината ноќ беше Девин Букер кој постигна 43 поени. Шарлот постигнаа 158 поени против Индијана, а Кели Убре уфрли 10 тројки.

Денвер ја забележаа втората победа на турнејата по Источната конференција. Нагетс победија во Бруклин со 124:118. Никола Јокиќ одигра лошо првото полувреме, но се разбуди во второто и го реши натпреварот. На крајот тој забележа 26 поени, 10 скока и осум асистенции.Покрај Јокиќ кај Денвер се истакна и Остин Риверс кој погоди седум тројки од 10 обиди, мечот го заврши со 25 поени.

300x250 (7)

Бруклин играа без Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг. Најефикасен беше Кем Томас со 25 поени.

Далас го декласира Портланд со 132:112. Дончиќ мечот го заврши со 15 поени, 10 скока и 15 асистенции. Уште шетворица кошаркари на Далас мечот го завршија со двоцифрен број на поени.

Финикс Санс, во дербито славеа кај Јута Џез. Блескаше Девин Букер, кој постигна 21 поен во првата четвртина, а натпреварот го заврши со 43 поени и 12 скокови.



Атланта Хокс го победија Сакраменто со 121:104. Богдановиќ, против поранешниот тим постигна 18 поени. Тре Јанг забележа 17 поени и 10 асистенции. Кај Сакраменто се истакна Херисон Барнс со 28 поени.

Шарлот ја растурија Индијана со 158:126. Кели Убре постигна 10 тројки од 15 обиди, мечот го заврши со 39 поени. Ламело Бол запиша трипл-дабл од 29 поени, 10 скока и 13 асистенции.

Мемфис ја потврдија одличната форма и против Сан Антонио Спарс. Мефис победија со 118:110. Свое шуо имаше Џа Морент кој постигна 41 поен. Морент на последните четири натпревари има просек од 36,7 поени.

> Доминација на Јокиќ во Бруклин, трипл-дабл на Дончиќ, 10 тројки на Убре, Букер броеше до 43 <

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал