Утрински Весник
Македонија

ДИК: Не сме почнале подготовки за предвремените избори, ја почитуваме владината уредба

Деркоски: Се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука за парламентарните избори

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) денеска во целост ги демантира насловите во одредени медиуми во кои се наведува дека Комисијата ги почнала подготовките за предвремените парламентарни избори.

Единствените активности, како што се наведува во соопштението, кои ДИК ги реализира во моментот се активностите поврзани со нејзиното тековно функционирање.

– Воедно Ве информираме дека ДИК, во целост ја почитува Уредбата со законска сила за прашањата поврзани со изборите бр.442413/1 од 21 март 2020 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија, врз основа на која ДИК усвои Заклучок за прекинување на сите изборни дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 12 април 2020 година бр. 08-1022/1 од 22 март 2020 година, се потенцира во соопштението од ДИК. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка

Пoжари на диви депонии во Желино и Боговиње