Утрински Весник
Македонија

Дебарскиот Црвен крст ги информираше граѓаните дека е во нивна услуга

Волонтерите на Црвениот крст од Дебар постојано на терен за помош
Ss2

Дебар, 9 април 2020 (МИА) – Волонтерите на општинската организација на Црвен крст на Дебар, од појавата на коронавирусот се во служба на лицата кои имаат потреба од набавка на намирници и лекови, а кои тоа сами не може да го направат.

Освен распределбата на хуманитарната помош која ја доставуваат до семејствата кои се во социјален ризик, тие за лицата кои не може тоа да го направат вршат и набавка на потребните намирници и лекови и за време на полицискиот час во работните денови, како и за време на викендот.

300x250 (7)

– Во ова тешко време ве молиме да седите дома, не излегувајте надвор без потреба.За тие лица кои не се во состојба да ги задоволат нивните потреби (да купат храна,лекови и др) секој ден но и во текот на полицискиот час, вклучително и за викендот ние сме тука. Ве молиме да се јавите на бр. 071-223-990 да извршите нарачка за вашите потреби. Волонтерите на Црвениот крст ќе ви го достават потребниот материал,а плаќањето ќе го извршите сами. Услугата од Црвен крст е бесплатна, стои во објавата на дебарскиот Црвен крст.

Според секретарот на органзацијата, Исни Телќиу, волонтерите ваква услуга до сега извршиле за повеќе од 40 лица, меѓу нив и оние кои во моментов се во селата од Мала Река, Гари, Осој и Тресонче.

За помошта пак што се распределува во општина Центар Жупа, локалната власт има ангажирано свои волонтери и истата навреме стигнува до потребното место.вт/см/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула

Јакимовски: Власта секогаш ги опијанува ВМРО-ДПМНЕ