Утрински Весник
Македонија

Гостиварскиот црвен крст подели над 800 пакети со храна и хигиенски препарати

Гостиварскиот црвен крст подели над 800 пакети со храна и хигиенски препарати

Гостивар, 9 април 2020 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст Гостивар од почетокот на вонредните мерки во гостиварскиот крај поделила над 800 пакети со храна и хигиенски препарати на социјално загрозени лица. Со активирањето на Координативниот совет за дистрибуција на помош бројката треба да се зголеми, ова беше кажано на денешниот состанок на кризниот штаб за општините Гостивар, Маврово-Ростуше и Врапчиште.

Од Координативниот совет за дистрибуција на помош беше кажано дека ОО Црвен крст испорачало 450 пакети со храна и 270 пакети со средства за хигиена. Најголемиот дел се донации на поединци, организации и фрими.

– Веќе се гледаат резултатите од првиот состанок со претставниците на бизнис секторот. Очекуваме оваа бројка на пакети да биде значително зголемена, имајќи ги во предвид најавите за донации. Мал проблем е и тоа што во малопродажба ги нема сите производи кои се наведени во специфакциите, но трговците нé уверија дека тоа ќе биде наскоро ќе биде надминато, рече Љуљзим Хазири координатор на Советот за дистрибуција на помош.

За да се спроведе ефикасно и безбедно делење на хуманитарна помош, локалната самоуправа формираше послебно тело, а организираше и обука за волонтерите.

Денес во општина Гостивар ќе се одржи втор состанок со стопанствениците да издовојат средства и да ги помогнат социјално загрозените семејства.

– Заинтересираните компании можат да купат продукти и да подготват пакети со храна за возрасни, бебиња, со хигиенска опрема и слични производи во вредност од 20 евра. Тоа би ги задоволило основните потреби на четиричлено семејство за две недели. Пакетите треба да се достават во Црвениот крст каде веќе има список на лица на кои оваа помош им е непоходна, рече Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар. згм/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок

Коалиција Вреди: Централен митинг в понеделник

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните