Утрински Весник
Спорт

Големи казни ќе се изрекуваат во Премиер лигата поради кршење на мерките

Премиер лига ќе нема ниту во мај
300x250 (7)

Лондон, 7 јуни 2020 (МИА) – Се очекува шефовите на Премиер лигата да бидат овластени да изрекуваат огромни казни за сите играчи кои си дозволуваат да ги прекршат безбедносните мерки. Вклучувајќи, одземање на поени.

Официјалните претставници на Лигата сакаат да спречат какви било опасности што би можеле да спречат продолжување на првенството. Според „Сан“, казните за играчите кои ги кршат мерките за изолација ќе бидат во размер до 200 илјади фунти.

300x250 (7)

Според информациите, повторените прекршувања би довеле до парична казна од двојно поголема сума на пари, додека серија прекршувања во еден клуб можат да бидат санкционирани дури и со одземање на поени.

Овие драстични мерки ќе бидат преземени откако голем број sвезди во Премиер Лигата се фатени на дело во последните неколку недели.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал