Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу позира гола во градина на својот 48-ми роденден

Гвинет Палтроу позира гола во градина на својот 48-ми роденден

Холивудската актерка во неделата го прослави својот 48 роденден, и ги изненади своите фанови и следачи на Инстаграм со необичен потег, сосема нетипичен за неа.

„Денес на себе немам ништо освен мојот роденденски костим“ напиша Гвинет Палтроу под фотографијата на која позира гола како од мајка родена во својата градина.

И додека објавата предизвика воодушевувања кај безброј фанови, еден корисник на социјалната мрежа не се забавуваше – а тоа е нејзината ќерка тинејџерка Епл Мартин (16).

„МАМА“, коментираше очигледно засрамената Епл.

На фотографијата на која позира со телото делумно навалено кон камерата, Гвинет стратешки ги заштити своите интимни делови со вкрстени раце и свиткана нога, но сепак не стори ништо за да го скрие затегнатиот стомак кој предизвикува завист, коментираат таблоидите.

Ѕвездата на „Вљубениот Шекспир“ изгледа безгрижно додека се смешка под сонцето, со слободно пуштена коса.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб