Утрински Весник
Спорт

Гарнет сака НБА-лигата да се врати во Сиетл

Гарнет: Ако отидев порано во Бостон, ќе имав уште еден или два прстена

Сиетл, 9 април 2020 (МИА) – Еден од најдобрите НБА играчи на почетокот на овој век, Кевин Гарнет, призна дека сонува да ја врати кошаркарската франшиза во Сиетл.

Клубот на овој град мина 41 сезона во НБА лигата од 1967 до 2008 година. Потоа, франшизата се пресели во Оклахома Сити.

– Би сакал да го купам Суперсоник и да ја рестартирам кошарката на северозападниот дел. Сиетл беше од големо значење за НБА. Јас навистина сакам да го спроведам ова. Ако имам шанса да направам такво нешто, ќе го сторам тоа, изјави Гарнет. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата