Утрински Весник
Македонија

Во Росоман откажана традиционалната манифестација ,,Праскобер 2020” поради коронавирусот

МЗШВ: Непречено се одвива извозот на праски
300x250 (7)

Росоман, 1 јуни 2020 (МИА) – Традиционалната тридневна манифестација ,,Духовден фест-Праскобер 2020”, годинава нема да се одржи поради коронавирусот. Ваква одлука донесе Советот на Општина Росоман. Манифестацијата требаше да се одржи на 5, 6 и 7 јуни.

-Оваа одлука е согласно препораките на релевантните државни институции и одлуката на Советот, се со цел да се намали ризикот од масовни собирања и евентуални нови зарази во државата, стои во известувањето од градоначалникот Бранко Јанев.

300x250 (7)

Маријонка Печевска, претседател на Советот, нагласи дека на сите им препорачуваат оваа година да го прослават празникот во своите домови.

Росоман рурална општина со околу 4.200 жители, е најголем производител на праски во државата. Верскиот празник Духовден е слава на ова населено место. Во оваа општина засега нема ниту еден потврден заболен од коронавирус. свд/вг/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk

Ковачевски: Само СДСМ може да ги обедини граѓаните зад идејата за европска иднина

„Замисли“ со голема граѓанска акција: Стоп за партиските вработувања во здравството!