Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната влада на Заев се скара со сите соседи, одлуката на Рама шамар за Заев и Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сочувство за семејствата на нашите сограѓани кои ги загубија најблиски заради коронавирусот
300x250 (7)

 

Скопје, 25 мај 2020

Одлуката на Еди Рама за отворање на границите само за дел од граѓаните кои се со албанско потекло е уште еден шамар за владата на Спасовски и Заев, и огромен неуспех за умислениот прв човек на дипломатијата Димитров.

Ss1

Ова е нов пораз на владата на Заев затоа што одлуката е дискриминаторска и навредлива.

За само неколку месеци неспособната владата на Заев влезе во нетрпеливост и создава проблеми со сите соседи. Освен  договорот со Грција, се случи блокада на интеграциите од Бугарија, Пендаровски доби врел шамар од Белград поради мешањето во внатрешните работи и преговори помеѓу Приштина и Белград, а еве сега нов пораз и од Албанија.

Оттука прашуваме некадарната дипломатија на Димитров и неспособната влада на Заев на кој начин реагираа на одлуката на Албанија, превземаа ли нешто или и овој пат ќе си премолчат за овој нов пораз?

За неколку месеци неколку порази и отворени прашања со соседите е резултатот на неспособноста на Заев и владата во заминување.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт