Утрински Весник
Македонија

(Видео) Коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците: Владата е неспособна да им обезбеди вакцини на граѓаните

(Видео) Коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците: Владата е неспособна да им обезбеди вакцини на граѓаните

Коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците ја обвини Владата дека е неспособна да им обезбеди вакцини на граѓаните.

„Деновиве, кога сите земји во регионот продолжуваат да ги имунизираат граѓаните со вакцини против Ковид-19 и кои се гордеат со конкретни бројки за вакцинирање по глава на жител, Владата на Република Северна Македонија не успева, по сите обиди, да обезбеди вакцини. Сите сме сведоци дека на овој мозаик на неуспеси му беше додаден и неспособноста да се обезбеди кинеската вакцина. Звучи изненадувачки, но земји како Црна Гора и Унгарија, успеаја да ги набават планираните вакцини од контингентот на овие вакцини, додека граѓаните на Северна Македонија уште еднаш слушнаа само празни зборови и ветувања“, велат од Коалицијата.

Ова бесконечно пролонгирање на имунизацијата на населението, додаваат од таму, покрај тоа што директно ги загрозува животите на граѓаните, сега кога се појавува и третиот бран на пандемијата, исто така крајно ги намалува надежите за постепено отворање на нашата држава и домашната економија.

Од Коалицијата велат дека театарот со гласање на доверба на Владата во Собрание не ги покрива загубите на десетици животи на граѓаните..

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Ќе работам на обединување на граѓаните, на власта и опозицијата…

Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено

Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково