Утрински Весник
Економија

(Видео) Бислимоски: Гасното поврзување со Грција ќе донесе пониски цени на гасот и до 20 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: Бислимоски и Орцев од Регулаторна се партиски инсталации на Заев во Регулаторна

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) услуги Марко Бислимоски учествуваше на он лајн дебата за состојбите во енергетскиот сектор во организација на Стопанската комора на Македонија (СКМ). Претседателот Бислимоски пред стопанствениците и членовите на Собранието на СКМ ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична енергија.

„Ни претстои сериозна гасификација на земјава по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 % со идниот крак од Грција преку Северна Македонија па се до Косово со што стануваме транзитна земја“, рече Бислимоски.

Тој кажа дека во Бугарија, по отворањето на Балкан хаб каде што има пристап на гас од Турција, но и на ЛНГ од Грција, цената на гасот се намалила за 40 %.

„Податоците и анализите укажуваат дека секоја земја што гради инфраструктура и што се поврзува со нови коридори може да очекува пониска цена. Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзувањето на Северна Македонија со Грција. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 %. Диверзификацијата на изворите од кои се снабдуваме со гас ќе ја зголемат понудата и цента ќе оди надолу . Кракот што ќе го имаме со Грција е клучен затоа што ќе транзитира низ нашата земја и ќе оди и до Косово“, изјави Бислимоски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Министерот Николовски во посета на земјоделското семејство Давитковски од село Милино, успешни корисници на поддршка преку ИПАРД 2 програмата

Јакимовски ветува дека ќе се залага за гарантиран приход од 25.000 денари за секое пезионерско семејство

Tркалезна маса за фриленсерството како можност за (само)вработување