Утрински Весник
Спорт

Венгер ја одбил Барса, не сака да го наследи Сетиен

Венгер ја одбил Барса, не сака да го наследи Сетиен
Ss2

Французинот Арсен Венгер е без тренерски ангажман од 2018 година кога по цели 22 години го напушти кормилот на Арсенал. Се чини така ќе остане и во иднина.

За овој период одбил неколку понуди, а информациите се дека последната била од Барселона.

Ss1

Идејата на Каталонците била Венгер да го наследи Кике Сетиен на клупата на тимот од „Ноу Камп“, па дури се разговарало и за условите и проектите што Французинот би ги покренал во Каталонија.

Сепак, информациите се дека 70-годишниот стручњак ја одбил понудата и решил да остане да работи на УЕФА проекти и како стручен коментатор на телевизија.

Барса и понатаму е во неизвесност кој ќе биде на клупата на тимот во наредната сезона.

На „Ноу Камп“ се надеваат дека Чави Ернандез би можел идното лето да го преземе клубот, а дотогаш Сетиен би бил привремено решение.

> Венгер ја одбил Барса, не сака да го наследи Сетиен <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!