Утрински Весник
Спорт

Бертомеу: Ќе се обидеме да го одржиме следниот „Фајнал фор“ во Келн

Бертомеу: Ако сезоната во Евролигата продолжи, таа мора да заврши пред крајот на јуни
300x250 (7)

Барселона, 25 мај 2020 (МИА) – Претседателот на кошаркарската Евролига, Жорди Бертомеу изјави дека очекува во сезоната 2020/21 завршниот „Фајнал фор“ да се игра Келн, каде што беше планирано да се играат решавачките натпревари оваа година.

– Премногу е рано да се каже дали Келн ќе биде домаќин следното издание Ф4. Ќе направиме напори да го спроведеме ова, изјави Бертомеу.

Ss1

Тој не гледа причина да не продолжи соработката со сегашниот генерален спонзор.

– Не очекувам измени во смисла на носител на правата на името на турнирот. Ние сме многу задоволни од соработката со „Туркиш ерлајнс“, не се сомневаме дека ќе продолжиме да работиме заедно, како што направивме во изминатите десет години, додаде Бертомеу. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал