Утрински Весник
Свет

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата на Советот на министри.

Според декретот на белоруската влада објавен денеска, забраната за увоз се однесува на одредени стоки од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Велика Британија, Црна Гора, Северна Македонија и Швајцарија, пренесе агенцијата „Тасс“.

Листата вклучува прехрамбени производи особено свинско месо, говедско месо, сушено или чадено месо, колбаси, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, кондиторски производи, сол итн.

Можете да прочитате

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран

Две девојчиња повредени во напад со нож пред училиште во Франција