Утрински Весник
Свет

„Антифа“ подготвува насилни напади врз германската полиција и политичките противници

„Антифа“ подготвува насилни напади врз германската полиција и политичките противници

Германските безбедносни власти тврдат дека припадниците на екстремно левичарското движење „Антифа“ подготвуваат напади врз полицајци и политички противници, вклучително и потенцијални атентати, пренесува германски „Фокус“.

Движењето „Антифа“ во Германија и нејзините 50 придружни групи низ целата земја стануваат сè понасилни, се вели во извештајот на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција и Федералната канцеларија за заштита на Уставот. За нив, исто така, се верува дека планираат напади.

Властите се загрижени и поради обвиненијата дека некои германски припадници на „Антифа“ отпатувале во Северна Сирија за да спроведат борбена обука за левичарската курдска милиција.

„Брејтбарт Лондон“ претходно објави за врските на „Антифа“ со Курдската работничка партија (ПКК) во Германија. Во 2018 година, екстремистите на „Антифа“ признаа дека пукале кон една турска џамија во Касел поврзана со крајнодесничарската „Турски сиви волци“, непријател на ПКК.

Претходно годинава, уставната судијка Корнелија Гантен-Ланге од Хамбург беше поврзана и со „Антифа“ и со ПКК откако одржала предавања во „Роте Флора“ на „Антифа“ за претставниците на ПКК.

Во јуни во Австрија, припадниците на „Сивите волци“ се судрија со „Антифа“ и со припадниците на ПКК во Виена, во областа Фаворитен, претежно населена со мигранти.

„Овие конфликти се увезени од Турција. Ако сакате улични борби, одете во Турција, но нема место за тоа во Австрија “, рече австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Според Берлинската Агенција за заштита на Уставот, „Антифа“ стои зад десетици напади во германската престолнина – од напади со боја врз згради, до подметнување пожари. Тие првенствено биле насочени кон десничарски политичари и новинари.

Минатата година „Антифа“ објави т.н. „Водич за атентати“ на веб-платформата „Индимедија“, која честопати се користи од милитантите за да преземат одговорност за разни напади, вклучувајќи го и обидот за убиство на пратеникот на „Алтернатива за Германија“, Франк Магниц.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток