Утрински Весник
Македонија

Анкета на ИРИ: Граѓаните од Западен Балкан покажуваат силна поддршка за влез во ЕУ

Анкета на ИРИ: Граѓаните од Западен Балкан покажуваат силна поддршка за влез во ЕУ
300x250 (7)

Најновото мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) открива поделени мислења за Соединетите Американски Држави (САД) како економски и политички партнер кај одредени земји, но и ентузијазам за посилни врски со Европската Унија (ЕУ). Истражените земји беа Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

– И покрај најсилните напори на Кина и Русија да извршат влијание врз Западен Балкан, оваа анкета покажува дека многумина во регионот ги насочуваат своите интереси кон Западот – рече регионалниот директор на ИРИ за Европа, Пол Мекарти.

Ss1

Тој додава дека постојаната поддршка од САД и ЕУ за зајакнување на демократијата во целиот регион е клучна за консолидирање на овој позитивен тренд и овозможување на овие земји да се спротивстават на загрозувањето од страна на авторитарните сили.

Како одговор на прашањето кои нации ги сметаат за најважни економски партнери, јавноста е поделена во одговорот. Косово со извонредно мнозинство (94 отсто) се повика на САД, во споредба со само 13 отсто од испитаниците во Србија кои го делат ова чувство. Големото мнозинство во Србија ги наброи Русија (73 отсто) и Кина (71 отсто) меѓу најважните економски партнери.

Во ист правец, мнозинството во Косово и Северна Македонија сметаат дека САД се меѓу најважните политички партнери на нивните земји, како и поголемиот дел во Црна Гора. Во Босна и Херцеговина и Србија, уделот на оние кои го гледаат САД како клучен политички партнер е помал (29 отсто и 15 отсто).

Ентузијазмот за членство во ЕУ, исто така, останува голем. На прашањето „како би гласале ако утре се одржи референдум“, мнозинството во сите земји рекоа дека ќе гласаат за интеграција во ЕУ. Во Косово, огромно мнозинство (93 отсто) го поддржува пристапувањето, а силно мнозинство во БиХ (76 отсто) и Северна Македонија (74 отсто) исто така би гласале за влез во ЕУ.

И покрај овие позитивни резултати, загриженоста за дезинформациите беше очигледна во петте испитани земји, што покажува дека лажните наративи што често ги туркаат малигните актери се континуиран проблем на Западниот Балкан. Мнозинството во БиХ, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија се согласија дека погрешните или лажните информации во медиумите се или „многу“ или „донекаде“ проблематични за нивните земји.

Дополнително, мнозинството во сите пет држави рекоа дека наидуваат на
погрешни или лажни информации во медиумите „дневно“, „скоро секој ден“ или „неколку пати неделно“.

– Земајќи предвид дека голем дел од дезинформациите што кружат на Балканот произлегуваат од авторитарни сили како што се Кина и Русија, утешува фактот што граѓаните на Балканот ги препознаваат проблемите кои ги предизвикува овој феномен – вели Мекарти.

Истражувањето се спроведе во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина помеѓу 2 февруари и 6 март 2020 година. Податоците беа собрани преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците во секоја од вклучените земји. Големината на примерокот по земји варира помеѓу 966 и 1.517 испитаници и маргината на грешка се движи од 2,5 до 3,2 отсто. Истражувањето беше овозможено со поддршка на УСАИД.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk