
Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, одредил неколку мерки против осомничениот професор од Средното уметничко училиште
Тој е обврзан да ја предаде патната исправа, му е изречена забрана за вршење одредени работни активности поврзани со делото, како и забрана за приближување и контакт со оштетената.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 52-годишниот наставник бил лишен од слобода на 9 март околу 17:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје.
Полицијата постапила по пријава дека во периодот од 25 февруари до 2 март тој вознемирувал 18-годишна ученичка и од неа барал да имаат сексуални односи.


