Утрински Весник
Македонија

Mеркел: Политичката храброст на Заев и Ципрас да ја следат и другите лидери во регионот

Mеркел: Политичката храброст на Заев и Ципрас да ја следат и другите лидери во регионот

Берлин, 30 јуни 2019 (/) – Германската канцеларка Ангела Меркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но потенцира дека регионот има европска перспектива.

Во својот видео поткаст, објавен денеска по повод претстојниот Самит за Западен Балкан, кој во рамките на Берлинскиот процес ќе биде одржан в петок, во полскиот град Познањ, Меркел истакна дека земјите од овој регион треба уште многу пречки да надминат и многу услови да исполнат. – Патот и натаму е полн со камења, рече Меркел.

Но таа потенцираше дека во регионот постојат позитивни примери на дијалог, посебно потенцирајќи го решавањето на долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина за името.

– Со политичка храброст, премиерите на Северна Македонија Зоран Заев и на Грција Алексис Ципрас успеаја да го решат тој конфликт.

– Ваквиот позитивен пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина, како меѓу Србија и Косово, истакна германската канцеларка.

Во Познањ на 5 јули ќе биде одржана конференција за западен Балкан, на која ќе учествува и Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу земјите од регионот. ссм/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ