Утрински Весник
Спорт

Aрсенал се договори со Гремио за трансферот на Евертон Соарес

Aрсенал се договори со Гремио за трансферот на Евертон Соарес

Лондон, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Англискиот гигант Арсенал ги договорил условите за купување на напаѓачот на бразилскиот Греми, Евертон Соарес.

Како што известува јужноамериканскиот „Фокс“, Арсенал и Гремио постигнале договор вреден 40 милиони евра, од кои 28 милиони ќе бидат платени во кеш, а 12 во вид на бонуси, но не се даваат детали за договорот на Евертон.

Истиот извод додава дека лекарите на Арсенал отпатувале за Бразил за да извршат преглед на здравствената состојба на 23-годишниот напаѓач, а по извршувањето на прегледот се очекува и потпишувањето на договорот.

Бразилецот имаше одличен настап на годинешното издание на Копа Америка, каде освен што и помогна во голем дел на својата репрезентација да го освои првенството, истиот беше прогласен и најдобар стрелец на Копа. ем/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја

Стојковиќ: Мене Србија ме поддржува, но на некои сум им трн во око

ФИФА поведе постапка против Србија за дискриминација и недолично однесување на дуелот со Швајцарија