Утрински Весник
Македонија

Се обновува хоризонталната сообраќајна сигнализација во Пехчево

Се обновува хоризонталната сообраќајна сигнализација во Пехчево
300x250 (7)

Пехчево, 20 јуни 2020 (МИА) – Со цел поголема безбедност во сообраќајот и движењето на пешаците, во Пехчево интензивно се работи на обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација низ градските улици. Активноста, како што информираат од општината се реализира во текот на дневните часови, со цел поголема ефикасност во спроведувањето на истата.

– Ниските температури во утринските часови не дозволуваат сушење на бојата во одреден рок, па поради тоа обележувањето на хоризонталната сигнализација ќе мора да се изведува во текот на денот, кога температурите се повисоки. Во интерес за поголема безбедност на возачите ќе се одбележат најфреквентните сообраќајници во градот, влезот во градот и во близина на воспитно образовните институции, информираат надлежните.

Ss1

Тие додаваат дека во соработка со полицијата, акцијата се одвива без притоа да има непречено одвивање на сообраќајот.

Паралелно екипи на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, реализираат акција за помош на социјално загрозени семејства, со цел овозможување подобар пристап до нивните домови.

– И овој пат Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ја покажа својата несебичност и грижа кон луѓе од социјална ранлива категорија и луѓе со посебни потреби овозможувајќи подобар пристап до нивните домови. Во оваа прилика сакам јавно да му се заблагодарам на директорот на ЈКП „Комуналец“ кој покрај многуте обврски што ги има деновиве, одвои дел од механизацијата само и само да се излезе во пресрет на овие луѓе, додадоа од општината.

Со вакви и слични акции како што додадоа од општината, ќе се продолжи и во текот на наредните денови. вс/ир

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

За избор на претседател во прв круг потребни 907.159 гласови, во вториот 362.864

Граѓаните ќе можат готовите лични документи да ги подигнат и денес