Утрински Весник
Македонија

Почна реконструкцијата на булеварот „Видое Смилевски Бато“

Почна реконструкцијата на булеварот „Видое Смилевски Бато“
Ss2

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот „Видое Смилевски Бато“, во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до улицата „Февруарски поход“.

Како што информираат градските власти, со овој градежен зафат, предвидена е целосна реконструкција на коловозот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во двете насоки, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри.

300x250 (7)

Вредноста на проектот изнесува околу 27,3 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.

Градоначалникот Шилегов посочи дека очекува овој булевар да биде завршен и порано од предвидениот рок и упати апел до граѓаните да покажат трпение додека трае реконструкцијата и да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Сто години постоење на Институтот за јавно здравје

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот

Вработените во прилепскиот затвор на протест, бараат да не се носат осуденици од висок ризик