Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) Во првите часови на 16 јуни, во 01,40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеj „Димитар Влахов“, го лишиле од слобода К.М.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.06.2020 во 12,50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во градскиот парк го лишиле од слобода Д.К.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.06.2020 во 14,10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во градскиот парк го лишиле од слобода А.К.(32) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.06.2020 во 22,10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во градскиот парк ги лишиле од слобода Д.К.(23) и А.М.Д.(21) двете од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 15.06.2020 во 15,30 часот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје на ул.“1732“ при извршен преглед кај В.К.(34) од Скопје бил пронајден нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.06.2020 во 01,54 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Ѓуро Ѓоновиќ“ при извршен преглед кај Р.О.(22) од Скопје бил пронајден нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.06.2020 во 10,35 часот во Полициската станица Чаир М.Ч.(30) од Скопје пријавил дека на ул.“Радишанска“ бил каснат од куче скитник.

На 15.06.2020 во 17,10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Благоја Стефковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ 530“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.В.(27) од Скопје и патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ѓ.(58) од Скопје. Во незгодата Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 15.06.2020 во 16,30 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.„ 8 ми Септември“ и ул.„7 ми Јули“ Б.Б. (54) од Битола управувајќи мопед „драгон“ со битолски регистарски ознаки паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Во текот на 15.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се две возила бидејќи биле технички неисправни, четири возила биле нерегистрирани, тројца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, и 25 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. оџ

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка

Пoжари на диви депонии во Желино и Боговиње