Утрински Весник
Политички Партии

Делегација на Партијата за движење на Турците одржа низа средби во Брисел

Делегација на Партијата за движење на Турците одржа низа средби во Брисел

Делегација на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од председателот Енес Ибрахим, во Брисел одржа низа средби со повеќе европратеници.

„ТХП како прогресивна партија која се залага за евроинтеграција на нашата земја, своите ставови во врска со деблокирањето на преговорите ги изнесе и пред европратеникот и известувач за С. Македонија, Илхан Ќучук“, се наведува во партиското соопштение.

Од ТХП се оптимисти дека може да се конструира преговорачка рамка која ќе биде фер и во согласност со европските вредности.

При средбите, Ибрахим истакнал дека нашата земја ја цени постојаната и принципиелна поддршка од Европскиот Парламент и побарал дополнителен елан за успешно чекорење кон ЕУ.

„Демократијата, како и човековите права и слободи се носечки столбови на големото европско семејство, затоа и сме убедени дека интеграцискиот процес на нашата земја треба да се трасира токму преку овие начела“, велат од ТХП.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт