Утрински Весник
Македонија

Во Крива Паланка отворена изложбата „Лазар Софијанов“

Во Крива Паланка отворена изложбата „Лазар Софијанов“

Крива Паланка, 21 февруари 2020 (МИА) – Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на дела од последната 26-та Детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“, Кратово 2019.

– Изложени се триесет дела од минатогодишната колонија што се одржа во Домот на културата „Лазар Софијанов“, Кратово, а истите се создадени петнаесетмината учесници од Кочани, Кратово, Струмица, Скопје, Прилеп и Велес. Создадените дела од колонијата содржат и слики од професорите по ликовна уметност, ментори на колонијата, информира Вања Јакимовска, одговорна за ликовна дејност во НУЦК Крива Паланка.

Делата се работени во техника масло на платно и акрил на платно, а ќе бидат изложени пред Кривопаланечката јавност во следните десетина дена.

-Оваа изложба е дел од проектот на нМинистерството за култура за преземање на изложби, а се реализира во рамки на Годишната програма на Центарот за култура, додаде Јакимовска.

Во февруари НУ Центар за култура Крива Паланка реализира повеќе активности, како двете проекции на „Медена земја“ и „Глас“, поетски перформанс „Вино преточено во љубов“ и денешната изложба, а во понеделник на репертоарот е гостувањето на аматерски театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија, со претставата „Умри машки“.

Претставата ќе се прикаже во понеделник, со почеток во 19 часот и 30 минути, а влезот чини 50 денари. ид/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Тренчевска: Најемотивна сум кога зборувам со пензионерите, креаторите на државата денес