Утрински Весник
Економија

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Времената либерализација на пазарот на нафта и нафтени деривати не предизвика ценовен шок

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста, а за половина денар поевтинува екстра лесното  масло за домаќинствата од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, новата малопродажна цена  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 50,50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 45 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 33 денари за литар.

Поскапување има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, за 2,136 денари и килограм од овој нергенс ќе се продава за  20,106 денари.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден