Утрински Весник
Спорт

​Јуан Фелипе ново засилување на Шкендија

​Јуан Фелипе ново засилување на Шкендија

Тетово, 6 јули 2019 (Утрински Весник) – Бразилецот Јуан Фелипе официјално е новото засилување на Шкендија од Тетово.

Веста ја потврдија челниците на шампионот на Северна Македонија, кои наведуваат дека со бразилскиот фудбалер е постигната согласност за соработка во следните две години (1+1) и дека сега веќе новиот играч на Шкендија ставил потпис на договорот.

Фелипе ќе се приклучи на екипата на Шкендија по нивното враќање до Естонија каде ќе се игра првиот квалификациски натпревар за Лигата на шампионите проти Номе Каљу, а право на игра ќе стекне на реванш натпреварот од квалификациите.

Инаку, 31-годишниот Бразилец кај актуелниот шампион доаѓа од ЦСКА Софија, а претходно три сезони бил член на Вардар, од 2015 до 2018. ем/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поранешниот европски и светски првак умира од рак: Најтешко беше да им објаснам на децата

Алегри: Вечерва е најважниот меч за Јувентус во ЛШ

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао