Вашингтон, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Поранешниот кошаркар на Денвер, Кливленд, Далас, Јута, Голден стејт, Сан Антонио, Милвоки и Њу Џерси, Ричард Џеферсон, би сакал да игра уште една сезона во НБА-лигата.
– По еден тон гласини, би сакал официјално да објавам дека излегувам од пензија. Би сакал да играм уште една година, напиша Џеферсон на Твитер.
Триесет и деветгодишниот Џеферсон претходно го објави крајот на својата професионална кариера во октомври минатата година.
Тој помина 17 сезони во НБА и има шампионски прстен како играч на Кливленд. зс/