Утрински Весник
Спорт

Џеролин: Удинезе направи многу интелигентен потег со ангажманот на Несторовски

Џеролин: Удинезе направи многу интелигентен потег со ангажманот на Несторовски

Рим, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Мануел Џеролин, поранешен спортски директор на Удинезе и Палермо, купувањето на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го оцени како многу паметен потег на клубот од Удине.

– Трансферот на Несторовски е многу интелигентен потег што го направи раководството на Удинезе.  Го познавам многу добро овој фудбалер, бидејќи јас го донесов во Палермо. Сметам дека е одличен напаѓач и дека многу добро ќе се вклопи во тимот, изјави Џеролин.

Несторовски во Удинезе дојде од Палермо по казната што ја доби клубот од Сицилија со одземање бодови и неможност да се бори за враќање во Серија А.

Така по пауза од две сезони, Несторгол повторно ќе настапува во најквалитетната италијанска фудбалска лига. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев