Утрински Весник
Македонија

Џафери на дводневен парламентарен форум за лидерство во Вашингтон

Џафери на дводневен парламентарен форум за лидерство во Вашингтон

Скопје, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. Во парламентарната делегација за и потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, дводневниот Парламентарен форум за лидерство е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата. Исто така, во рамките на форумот, претседателот на Собранието Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД.

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Република Северна Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран